Вести Економија Свет

Акциите на Волстрит паѓаат втор ден по ред: „Инвеститорите пливаат во водите на стравот“

На Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред, најмногу во финансискиот сектор, додека инвеститорите нервозно ја следат ескалацијата на војната во Украина и проценуваат како војната ќе се одрази на светската економија.

Dow Jones падна за 597 поени, или 1,76 отсто, на 33.294 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,55 отсто на 4.306 поени, а индексот Nasdaq се лизна за 1,59 отсто на 13.532 поени.

Во 10 од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500 паднаа цените на акциите, а најмногу во финансискиот сектор, 3,7 отсто.

Само енергетскиот сектор порасна, за околу 1 процент, благодарение на поскапувањето на нафтата.

Притисокот на пазарот е резултат на загриженоста на инвеститорите поради засилените напади на руската армија врз украинските градови. Москва вчера ги предупреди граѓаните на Киев дека треба да го напуштат градот бидејќи ќе следи ракетирање на главниот град на Украина.

Инвеститорите, исто така, стравуваат од прекин откако на некои руски банки им беше забрането да вршат трансакции преку глобалниот платен систем SWIFT како дел од западните санкции против Русија.

„Инвеститорите пливаат во водите на стравот“

Во исто време под притисок се најдоа акциите на банките кои се најекспонирани во Русија.

„Инвеститорите пливаат во страшни води и не знаат како да ги вклучат овие геополитички вести во нивните модели за проценка на ризикот и вредноста. Тоа е чист емотивен одговор од инвеститорите“, рече Мајк Зигмонт, директор во Harvest Volatility Management.

Меѓу добитниците вчера повторно беа акциите на производителите на оружје. Цените на Lockheed Martin и Northrop Grumman скокнаа за повеќе од 3 отсто.

Веста за војната во Украина беше засенета од добрите економски податоци за зајакнувањето на индустриската активност и градежната потрошувачка во САД во февруари, благодарение, меѓу другото, и на падот на бројот на заразени со коронавирусот.

„Со оглед на тоа што американската економија се забрзува, очекувам неизвесноста релативно брзо да стивне и не би бил изненаден доколку пазарот најде солидна основа за неколку недели, кога ситуацијата ќе стане појасна“, изјави Џеф Шулце, стратег во ClearBridge Investments.

Влошената геополитичка криза дополнително ги загрижи инвеститорите во последните недели, веќе загрижени за високата инфлација и претстојниот пораст на каматните стапки на Федералните резерви на САД.

Како резултат на тоа, S&P 500 падна за околу 10 отсто од почетокот на годината, а индексот Nasdaq за околу 13 отсто.

И на европските берзи цените на акциите вчера остро паднаа. Лондонски FTSE индекс се намали за 1,72 отсто, на 7.330 поени, додека франкфуртски DAX потона за 3,85 отсто, на 13.904 поени, а париски CAC на 3,94 отсто, на 6.396 поени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Kочанските средношколци со втора награда на натпреварот за млади претприемачи “Попри Интернешнал”

Дејан Дејан

Инстаграмот на новиот папа за 24 часа доби 8,7 милиони следбеници

Дејан Дејан

Пожар во складиште за хемикалии во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе