Вести Свет Топ вести

Украина: Го ракетираа Житомир и убија четворица, меѓу кои и едно дете

Четири лица загинаа по напад од руски ракети кои погодија куќи во украинскиот град Житомир, иако целта беше соседниот аеродром, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.

Според него, станбена зграда во близина на базата на 95-та воздушна бригада во Житомир, 120 километри западно од Киев, се запалила.

„Досега се убиени четири лица, вклучително и едно дете“, рече тој.

Москва ги предупреди жителите на главниот град на Украина, Киев, да ги напуштат своите домови и истрела ракети врз друг украински град Харков.

Украинскиот министер за здравство Виктор Лијашко на својот Фејсбук профил напиша дека руските сили убиле педијатриски анестезиолог кога нејзиниот автомобил бил удрен додека го возела ранетиот внук во болница во селото Кухари, во регионот на Киев.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во понеделникот во периодот од 19.07 до 19.51 часот врз станбените делови на Харков биле истрелани вкупно 16 наведувани проектили со висока прецизност.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе