Дипломатски бојкот му приредија амбасадорите на западните земји на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на неговото обраќање пред Советот за човекови права и Конференцијата за разоружување на ООН во Женева.
Не можејќи лично да присуствува поради санкциите од ЕУ, Лавров се обрати преку видео врска, но амбасадорите во Женева станаа и ја напуштија просторијата.












