Јавната поддршка за руската агресија врз Украина може да се смета за криминал во Чешка. Главниот државен обвинител таму, Игор Стриж, предупреди дека јавната поддршка за Русија преку јавни демонстрации и на социјалните мрежи може да се смета за кривично дело.
Тој ги предупреди граѓаните да ја почитуваат слободата на говорот, но да не ги преминуваат нејзините граници. Според чешкиот закон, помошта за злосторства против човештвото или геноцид се казнува со затвор до три години. Штриж додаде дека правната оценка на таквите дела е многу комплицирана.
Портпаролот на полициското претседателство Онджеј Моравчик потврди дека полицијата ќе ја следи ситуацијата не само на јавните собири, туку и на интернет.