Објавени се фотографии од плоштадот Слобода, главниот плоштад во Харков, кој утрово во 7 часот беше погоден од руска ракета.
Според украинската страна, во нападот загинале најмалку шест лица, а седум се ранети. Меѓу повредените има и едно дете. Зградата на локалната самоуправа се наоѓа на главниот плоштад во Харков.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „тероризам“ што „светот никогаш нема да и го прости на Русија“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.