Вести Најважни Свет

ФОТО: Огромен руски конвој, долг повеќе од 64 километри се приближува до Киев

Нови сателитски снимки од Maxar Technologies покажуваат огромен руски воен конвој на пат кон Киев.

Конвојот, кој, според Максар, е долг повеќе од 64 километри, се движи кон главниот град на Украина од северозапад.

Си-Ен-Ен пишува дека конвојот, кој вклучува стотици тенкови, ракетна артилерија, оклопни и логистички возила, пристигнал од Белорусија, каде Русија со недели ги собирала своите сили пред инвазијата на Украина.

Претходно се шпекулираше дека конвојот е долг околу 27 километри, но сега се покажа дека станува збор за воен конвој повеќе од двојно подолг.

Должината на конвојот сведочи и за количеството воена сила што Русите ја собраа во обид да го заземат Киев, но и за белоруската поддршка за инвазијата на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Избрани првите финалисти на 69. издание на Евровизија 2025

Дејан Дејан

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе