Вести Свет

Обилни поплави во Австралија

Делови од источна Австралија се борат со силни поплави по обилните дождови, а властите предупредија дека ситуацијата е опасна по живот. Многу жители, особено оние околу градот Лизмор во државата Нов Јужен Велс, најдоа засолниште на покривите на куќите за да се спасат од брзорастечката вода, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

Тој зборуваше за кризната ситуација и планира да се консултира со органите за вонредни состојби во земјата подоцна во текот на денот за неопходните чекори. Градоначалникот на Лизмор Стив Криг ја опиша ситуацијата како невидена и опасна по живот. Криг напиша на веб-страницата на градот дека заедницата се соочува со „еден од најтешките периоди во нејзината историја“. Повеќе од 15.000 луѓе во регионот веќе се префрлени на безбедно.

Најголемиот австралиски град Сиднеј, исто така, неодамна доживеа поплава. Метеоролозите соопштија дека ова е лето со најмногу дождови во Сиднеј во последните 30 години. Во соседниот Квинсленд, пак, бројот на загинати се искачи на осум. Според полициските извештаи, три лица се уште се водат како исчезнати.

Посебно се погодени метрополата Бризбејн и градовите Гимпи и Мериборо, како и областите долж брегот Саншајн. Регионот доби онолку дождови за неколку дена колку што обично има во текот на годината. Повеќе од 50.000 луѓе останаа без струја. Стотици училишта остануваат затворени, а јавниот превоз како автобуси, возови и траекти се суспендирани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе