Вести Свет

Швајцарскиот претседател: Воведувањето санкции кон Русија е многу веројатно

Претседателот на Швајцарија Игнацио Касис изјави денеска дека е „многу можно“ неутрална Швајцарија да го следи примерот на Европската унија и да воведе санкции кон Русија и да го замрзне рускиот имот.

Седумчлениот швајцарски сојузен совет ќе се состане денес за да ги разгледа препораките на Одделот за финансии и економија, изјави Касис во интервју за швајцарската јавна телевизија РТС.

Запрашан дали Швајцарија, голем финансиски центар, ќе ја следи Европската унија и ќе ги замрзне руските средства, тој рече дека е „многу можно владата да одлучи денес“, но дека не може да прејудицира за одлуките кои се уште не се донесени.

Швајцарија е секогаш неутрална, но …

Касис рече дека швајцарската неутралност мора да се зачува и дека Швајцарија е подготвена да ги понуди своите услуги за дипломатија во случај преговорите меѓу украинските и руските претставници на границата со Белорусија да пропаднат, односно да не се постигне примирје.

„Тоа не не спречува да ги нарекуваме работите со нивното вистинско име“, додаде тој.

Швајцарија се двоуми помеѓу покажувањето солидарност со Западот и одржувањето на својата традиционална неутралност, поради што владата вели дека може да биде потенцијален посредник во преговорите.

Но, Швајцарија се соочува со зголемен притисок недвосмислено да застане на страната на Западот против Москва и да ги спроведе санкциите на Европската унија. Владата досега само рече дека нема да дозволи Швајцарија да се користи како платформа за заобиколување на санкциите на ЕУ.

Во најголемиот мировен марш во последните децении, околу 20.000 луѓе протестираа во главниот град Берн, во саботата за поддршка на Украина, а некои демонстранти ја критикуваа владата за нејзината претпазлива политика.

Касис рече дека Украинците кои бегаат од конфликтот ќе бидат добредојдени „во преодниот период“, кој се надеваат дека ќе биде „најкраток можен“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повторно ќе му се суди на таткото на убиеното девојче Вања – Апелацискиот суд ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски

Дејан Дејан

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе