Вести Свет Топ вести

Се водат улични борби во Харков, украинската војска тврди дека ја враќа контролата врз градот

Улични борби се водат во центарот на Харков откако руските војници влегоа во вториот по големина град во Украина, потврдија локалните власти. Жителите на источниот град се повикани да останат во засолништа и да не патуваат никаде. Во овој град се заглавени и македонски државјани кои не може да се евакуираат. Пофалба за успехот на руските војници стигна лично од Путин.

Докажавте повеќе од еднаш дека сте подготвени да дејствувате што е можно поефикасно во тешки услови, јасно и компетентно да ги решавате најтешките и најодговорните задачи и секогаш чесно ја исполнувате вашата воена должност да ја заштитите вашата родна земја и нашите граѓани за да ги зацврстите руските национални интереси, порача рускиот претседател. 

Поради економските санкции и агресивните изјави од НАТО, Путин нареди да се зголеми борбената готовност на нуклеарното оружје.

Шетата која ја направи руската војска врз украинските градови е толку сериозна што луѓето ќе мора да живеат во услови кои не се видени од Втората Светска Војна. Украина поднесе тужба против Русија во Меѓународниот суд во Хаг, а бара и да и се одземе правото на глас во Советот за безбедност на ОН. Претседателот Зеленски повика на странски доброволци кои би и се приклучиле на битката против Русија, чии воени акции рече дека се граничат со геноцид.

Ноќта во Украина беше сурова. Повторно имаше гранатирање и бомбардирање на станбени области и цивилна инфраструктура. Не постои ниту еден објект во земјата што окупаторите нема да го сметаат за валидна цел. Војуваат против секого и сè живо, против градинките, против станбените згради и амбулантите. Користат ракетна артилерија, проектили, против цели градски области кои никогаш немале и немаат сега никаква воена инфраструктура, изјави Зеленски. 

Киев се уште пружа сериозен отпор против руската војска. Сепак, борбите се водеа на периферијата каде беше ракетирана и детската онколошка болница Окматид. Загина шест-годишно момче, кое е и најмладата жртва во руската инвазија. Во болницата се ранети двајца тинејџери и тројца возрасни.

Огромна експлозија го осветли небото над главниот украински град во текот на ноќта. Потврдено е дека голем пожар во близина на центарот на Киев, а запален беше магацинот за нафта во градот Василков, на околу 20 километри јужно од Киев.

Утринава во Киев е мирно, се уште трае полицискиот час и граѓаните не смеат да излегуваат на улиците до утре. И четвртата ноќ ја минаа во подземната железница која веќе е претворена во една голема заедница каде сите си помагаат. Пријатели им станаа и стаорците, а луѓето се обидуваат да останат позитивни.

Навистина е добра атмосферата кај нас, луѓето се многу топли, се зближуваме, си помагаме.

Над нивните глави, украинската војска дава силен и храбар отпор. Луѓето знаат дека следуваат темни денови, но веруваат дека оваа нереалност кратко ќе трае. Се уште не може независно да се потврдат бројките за убиени војници и цивили. Но според ОН, за 4 дена во Украина загинале 64 цивили.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бочварски во Топ Тема: Освен финансиска помош законот за помош на семејствата на настраданите во Кочани ќе има и здравствена и социјална компонента

Дејан Дејан

Бизнисменот Крис Павловски за Телма вели дека тој не ја организирал посетата на македонската влада во Вашингтон на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Пожар во домот на британскиот премиер Кир Стармер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе