Претседателот на Русија Владимир Путин и нареди на руската војска да го одржува нуклеарното оружје на висока готовност поради тензиите со Западот околу Украина.
„Нуклеарното оружје ќе биде во состојба на готовност како одговор на агресивните изјави на земјите од НАТО и економските санкции против Москва“, им порачал Путин на денешниот состанок на Генералштабот и Министерството за одбрана.
„Како што можете да видите, западните земји не се единствените кои преземаат непријателски мерки. Ова не се однесува само на незаконските санкции, туку и на агресивните изјави на земјите од НАТО кон нашата земја“, рече Путин на државната телевизија.
Со првична реакција се јави американската амбасадорка во Обединетите нациии, Линда Томас-Гринфилд, која оцени дека „ова значи дека претседателот Путин продолжува да ја ескалира војната, на начин што е целосно неприфатлив“, пренесоас британските медиуми“
-Тоа значи дека мораме да продолжиме да ги запираме неговите постапки на најсилен можен начин, рече Томас-Гринфилд во интервју за Си-Ен-Ен.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост од одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави во специјална готовност силите за одвраќање на земјата.
Во интервју за Си Ен Ен денеска Столтенберг кажа дека објавата на рускиот претседател покажува колку е „сериозен“ застојот околу руската инвазија на Украина.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.