Урсула фон дер Лајен одржа прес-конференција на која предложи нови мерки на ЕУ
како одговор на руската инвазија на Украина.
Прво, ние се обврзуваме да осигураме дека голем број руски банки се отстранети од SWIFT. Ова ќе ги спречи да работат низ светот и ефективно ќе го блокира рускиот
извоз и увоз. Второ, ќе ги парализираме средствата на руската централна банка. Toa ќе ги замрзне трансакциите И ќе ја спречи Централната банка да го ликвидира својот имот“, рече таа.
Британскиот премиер Борис Џонсон во саботата се согласи со украинскиот претседател Володимир Зеленски за „потребата од целосна, дипломатска и финансиска изолација на Русија“, изразувајќи задоволство од зголемената подготвеност на западните земји да ја исклучат Москва од меѓународната платежна мрежа на Свифт,
објави Даунинг стрит.
Најголемата европска авиокомпанија Луфтханза објави дека ќе ги прекине сите свои летови кон Русија и нејзиниот воздушен простор на седум дена поради инвазијата на руската војска во Украина.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.