Реките бегалци особено од подрачјата каде се водат жестоки борби бегаат кон соседните земји, а во Полска за два дена влегле околу 120 илјади украинци, соопштија полските власти. Таму ги чекаат и роднини кои со години се во Полска.
- Одевме 25 километри. Ноќе. Но стигнавме конечно.
- Моите родители се уште се во Лвов. Мислам на нив, се грижиме за нив. И за нашите пријатели таму. Се надеваме на најдобро, се бориме најдобро што можеме и се надевам дека Украина ќе победи.
- Ги чекам внуците и снаата.Знам дека немаат храна, ниту топол чај, децата се смрзнуваат среде поле.Изморени се, така ми пишаа порака.Интернетот не работи, а слушнавме дека на украинската граница е многу лошо и луѓето се тепаат и расправаат за да поминат побрзо, а често ги фаќа и паника.
На границата со Полска, колоните се долги и по 15 километри, а големи прилив на бегалци има и во Романија.
- Дојдовме со автобус, а потоа пешачевме 5 километри до границата. Потоа ја извршивме процедурата и бевме пуштени на преминот и влеговме во Романија.
По неколку десетици илјади бегалци се прифатени и во Словачка и во Унгарија.
Сотир Трајков
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.