Вести Свет

САД: Вистинската дипломатија не се одвива пред цевките од вперено огнено оружје

Американскиот Стејт департмент понудата на рускиот претседател Владимир Путин да започнат преговори на високо ниво во Минск ја отфрли како „нереална дипломатија.“ Зборувајќи со новинарите во Вашингтон, портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека дипломатијата не може да се одвива пред вперено оружје.

САД сметаат дека нема шанси за дипломатија додека се води воена агресија, се лансираат ракети, има тенкови на улиците и се убива, изјави Прајс.

Укажа на скептицизам во однос на денешната порака на Москва за преговори со украинското раководство.

Ако претседателот Путин е сериозен за преговори, треба да запре веднаш со агресијата, да ја деескалира ситуацијата и да ја врати назад војската, изјави Прајс на денешниот брифинг за новинарите.

Рече дека не е прашање местото каде би се одржале такви преговори, туку условите во кои тие се побарани.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски го прифати повикот но побара евентуални преговори да се одржат во Варшава, а не во Минск како што бараат од Кремљ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе