Интернационалниот олимписки комитет побара од Меѓународните спортски сојузи да ги одложат или преместат спортските настани кои треба да се одржат во Русија и Белорусија.
И меѓународното олимписко движење се приклучи кон барањата за санкционирање на Русија која во изминативе два дена врши инвазија врз Украина. Во соопштението објавено од страна на Интернационалниот комитет се бара казна за кршење на правилата за олимписко примирје и одземање на организациите на спортските натпреварувања на Русија и Белорусија.
Воедно се бара знамињата на двете земји да бидат отстранети од сите натпреварувања.