Вести Свет

Украински бегалци масовно ја напуштаат земјата, тврдат западни медиуми

Масовен егзодус кон западните граници започна во Украина, пренесуваат западните медиуми. Од илјадниците украински бегалци кои успеале да ја преминат границата, повеќето се жени и деца. Од синоќа на полноќ, на мажите на воена возраст, односно од 18 до 60 години, им беше наредено да останат и да се борат.

Една од дестинациите кон која се имаат упатено многу украински граѓани е границата со Унгарија на преминот Берегсурањи. И во овој случај најголем дел од бегалците се жени и деца, повеќето етнички Унгарци кои живеат во Транскарпатскиот регион во Источна Украина. Според податоците од последниот попис, во овој регион живеат околу 150.000 етнички Унгарци кои имаат украински државјанства.

Екипа на БиБиСи го посетила преминот Берегсурањи и разговарала со дел од бегалците. 44 годишната Ева ја напуштила Украина со своите две малолетни деца. Нејзиниот сопруг работи во Будимпешта и британските новинари разговарале со неа додека го чекала сопругот да дојде со автомобил и да ги земе.

„Има состојба на паника во нашето село. Луѓето се организираат на улиците и заминуваат кон Унгарија. Исто така панично се купуваше во маркетите. Се плашиме дека Русите ќе ја окупираат целата земја. Тоа е првата работа, втората е што се плашиме дека ќе ги регрутираат нашите мажи, изјавила Ева, која живее во селото Борзова на 12 километри од Унгарската граница.

Британските репортери разговарале и со група млади мажи, кои чекале превоз на границата.

„Дали размислувавте да останете и да се борите“, ги прашале.

„Ова е војна помеѓу Украина и Русија, ова не е наша војна“, им одговориле.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Данска го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на ЕУ

Дејан Дејан

Голем пожар на Крит, гори и кај Вурвуру, се евакуираат луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе