Вести Економија

Бесими: Пари има за справување со последиците врз домашната економија од руско-украинскиот конфликт

Буџетот е ликвиден, пари има за справување со последиците врз домашната економија од руско-украинскиот конфликт – уверува првиот финансиер Фатмир Бесими. Тој не откри дали се планира ребаланс на буџетот, колку дополнително пари би биле потребни за справување со оваа нова криза, ниту дали и кога ќе се интервенира со стоковите резерви како што бара бизнисот, за да се спречи нов ценовен шок за компаниите и граѓаните.

Тврди ситуацијата секојдневно се следи. Уверува дека денарот и финанасискиот систем ќе останат стабилни и апелира да не се дига паника.

Бизнисот пак веќе алармираше дека состојбата е сериозна. Побара веднаш да се активираат стоковите резерви.

Русија и Украина обезбедуваат 30 проценти од потребите за живот во светот, како и  голем дел од потребата за енергенси. По вчерашниот шок на светските берзи веднаш по руската инвазија на Украина и галопирачкиот скок на цените на нафтата, гасот, златото, металите денеска има блага стабилизација на безите. Прогнозите на светските економисти се дека – глобалната економија би можела да доживее голема криза. Предупредуваат на опасност од нагло зголемување на инфлацијата и рецесија.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Политичари и партии се обидуваат да градат политичка кариера на случајот во Кочани

Дејан Дејан

Регулацијата на авторските права во Македонија неколку години тапка во место и покрај тоа што постои закон алармираат експертите

Дејан Дејан

Тутунарите задоволни од проценката, но бараат повисока цена – почна откупот на тутунот во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе