Најбогатите Руси изгубиле 39 милијарди долари за помалку од 24 часа, пишува Блумберг. Референтниот берзански индекс на Русија MOEX Русија забележа пад од 33%, што е петти најлош пад во историјата на берзата.
Вагит Алекперов, извршниот директор на Лукоил, доживеа најголем пад на својата нето вредност – таа падна за околу 6,2 милијарди долари на 13 милијарди долари. Акциите на московскиот производител на нафта паднаа за околу 33 отсто.
Алексеј Мордашов, извршен директор на Северстал челик, изгуби 4,2 милијарди долари, намалувајќи го своето богатство на 23 милијарди долари. Владимир Потанин, претседател на Норилск Никел и моментално најбогат човек во Русија, изгубил три милијарди долари, пишува Блумберг.