Русија ја нападна Украина. Во Киев одекнуваат експлозии од 4.30 часот по локално време. Советник на украинската влада вели дека руски авион бил соборен и дека биле спречени неколку ракетни напади. Во запалените згради има повредени. Украинскиот претседател ги потврди извештаите за руски ракетни напади во Киев.
Од вчера се водат жестоки борби. Руските сили напаѓаат од повеќе правци, поддржани од сепаратистите и Белорусија. Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите.
Украина објави дека досега се убиени 137 нивни војници и цивили, а повеќе од 300 се ранети. Додаваат дека убиле околу 50 руски војници и собориле шест авиони и еден хеликоптер. Русите негираат.
Руската армија го стега обрачот околу Киев.