Вести Свет Топ вести

Путин: Воената операција е изнудена мерка, на Русија не ѝ беше дадена можност да постапи поинаку

Русија „немаше друг начин“ да се одбрани освен да ги испрати своите сили во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин додека руската армија ја напаѓа соседната земја.

Она што се случува сега е изнудена мерка бидејќи на Русија не ѝ е дадена можност да постапи поинаку, рече Путин на средба со деловни луѓе во Москва, која беше емитувана на телевизија.

Путин рече дека се создадените ризици за безбедноста биле толку големи што било невозможно да се постапи поинаку и укажа на непомирливоста на Киев и Западот кон руските барања поврзани со безбедноста.

Можеа да не доведат до такви ризици што не знаеме како би преживеала земјата, рече Путин. Русија со недели ветувања дека Украина никогаш нема да влезе во НАТО.

Тој рече дека Русија не сака да му наштети на светскиот економски систем или да биде исклучена од него. Неговата инвазија на Украина ги шокираше пазарите и ја изложи Русија на разорни санкции од Западот.

Русија продолжува да учествува во светската економија, ние не се подготвуваме да и нанесеме штета. Ми се чини дека нашите партнери треба да го сфатат тоа и да не си поставуваат цел да не исфрлат од системот, рече тој.

Тој додаде дека Русија е „подготвена“ за воведување нови санкции против нејзината економија, повикувајќи ги претприемачите да бидат „солидарни“ со руската Влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе