Вести Свет

Ердоган: Го отфрламе рускиот „неприфатлив“ напад

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше воените акции на Русија во Украина, велејќи дека тие ги прекршуваат меѓународните закони и претставуваат „тежок удар“ за регионалниот мир и стабилност.

Во обраќањето на меѓународниот собир во Анкара, Ердоган рече дека Турција, која ужива блиски врски и со Русија и со Украина, „искрено жали“ што двете земји војуваат една со друга.

Претходно Ердоган свика безбедносен состанок за да разговара за ситуацијата во Украина и телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Исто така украинскиот амбасадор во Турција ја повика земјата-членка на НАТО да го затвори својот воздушен простор и да ги затвори теснецот на влезот на Црното Море за руските бродови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе