Руските медиуми јавуват дека земјата се соочува со санкции без преседан. Телевизија Росија 24 јави дека околу 400 Руси се нашле на списокот на Брисел кои потпаднале на Европската унија.
Вицепремиери, министри во руската влада, претставници на командата на руските вооружени сили, на сите им е забранет влез во ЕУ и пристап до нејзиниот банкарски систем. На списокот се наоѓаат и новинари и јавни личности, меѓу кои лидерот на Комунистичката партија на Руската федерација Генадиј Зјуганов, Главниот уредник на меѓународната новинска агенција Росија Сегодња, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и други.