ЕУ подготввуа нов пакет санкции против Русија по инвазијата на Украина, откако синоќа веќе воведе еден, но внатре во унијата земјите членки имаат различни ставови за тоа какви чекори треба Брисел да преземе.
Според неименувани дипломати, Италија и Германија се земјите кои пропагираат попретпазлив пристап кон Русија, додека Литванија и Полска сметаат дека треба да бидат преземени поригорозни чекори.
Во основата на препазливоста е загриженоста дека било какви економски санкции против Москва, ќе имаат негативно влијание и врз европската економија.
Западните аналитичари оценуваат дека европските лидери ќе мораат да проценат каква цена се подготвени да платат за поддршка на Украина, додека од почетокот на кризата западот се соочува со критики за неодлучност во неговото справување со Русија.