Останато Спорт

Фјури и Вајт ќе боксуваат на 23. април

Конечно е постигнат договор за одржување на дуелот меѓу Тајсон Фјури и Дилијан Вајт. Двајцата боксери во рингот ќе се соочат на 23 април во Лондон.

По долги преговори кои се интензивираа во текот на викендот, Вајт во последните часови пред истекот на рокот за договор ги прифати условите за мечот против Фјури што ќе се одржи на стадионот Вембли.

Според последните информации актуелниот WBC првак за настап ќе инкасира 30 милиони долари додека Вајт ќе заработи 7 и пол милиони што е рекорд во неговата кариера.

За Фјури ова ќе биде 34-ти меч, а до овој момент тој ума 32 победи и еден нерешен резултат додека Вајт во 30 меча забележал два порази.

Победникот од овој дуел кон крајот на годината ќе се соочи со поуспешниот од реванш мечот меѓу Александер Усик и Ентони Џошуа кој би требало да се одржи во мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе