Останато Спорт

Преглед на денот на Олимписките игри во Пекинг

Јоханес Тингнес Бо стигна до својот четврти златен медал на Олимписките игри откако денеска славеше во биатлон на 15 километри масовен старт. За Норвежанецот тоа беше вкупно петти медал на Игрите. Среброто му припадна на Швеѓанецот Мартин Понсилума, кој задоцни 40 секунди, а бронзата ја освои Сјастад Кристијансен од Норешка.

Во женска конкуренција, Жастин Брезез-Буше славеше во биатлон на 12,5 километри масовен старт. Французинката стигна до својата прва голема титула во кариерата и победи со 15,3 секунди предност пред Тирил Екхоф од Норвешка, додека трета беше Марте Олсбу Ројзеланд исто така од Норвешка, која стигна дури до петтиот медал на Игрите.

Ајлин Гу од Кина стана првата скијачка во слободен стил што освоила три медали на едни Олимписки игри. Младата 18-годишна скијачка утринава стигна до златниот медал во дисциплината халфпајп. Таа славеше со 95,25 поени и ги победи Канаѓанките Кеси Шарпе и Рејчел Каркер. Гу минатата недела го освои златото во дисциплината биг ер, а беше сребрена во слоупстајл.

Рајан Режес од Швајцарија триумфираше во финалето во дисциплината ски крос на Зимските Олимписки игри во Пекинг. Тој славеше пред својот сонародник Алекс Фива, додека победничкиот подиум го комплетираше Русинот Сергеј Риџик, кој и пред четири години во Пјонгчанг исто така освои бронза.

Во брзо лизгање на 1.000 метри триумфираше Томас Крол од Холандија, пред Канаѓанецот Лоран Дубреил, а трет беше Хавард Лоренцен од Норешка.

Машката репрезентација на Канада во карлинг го освои бронзениот медал откако во малото финале со 8-5 ја совлада селекцијата на САД, која беше бранител на златото од пред четири години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе