Вести Свет Топ вести

Во очи безбедносната конференција во Минхен, руски воени вежби на Крим

Во очи тридневната Минхенска конференција која започнува денеска, руските воени сили извршија боево гаѓање за време на веоните вежби на анексираниот Крим. Рускиот претседател Путин, кој за првпат по 1999 година нема да учествува на Минхенската конференција, ќе отапатува на Крим за да го надгледува лансирањето на балистичките и крстосувачките ракети. За Русија смирува – нема потреба за грижи, ова не е ескалација на судирот со Украина. Сепак во текот на денов е планиран телефонски разговор меѓу рускиот министер за одбрана, Сергеј Шоигу и неговиот американски колега Лојд Аустин.

  • Ова е традиционална руска тактика. Секогаш во очи на состанокот на трилатералната група во Нормандиски формат, во пресрет на било какви големи меѓународни случувања поврзани со украинско-руската војна, се случуваат некои инциденти кои ги предизвикува профитабилното опкружување на Русија, рече Олегсиј Резников, министер за одбрана на Украина .

Русија го има вториот по големина нуклеарен арсенал, веднаш по САД, и врши ракетни тестови неколку пати годишно. Но, овие вежби доаѓаат во време на високи тензии со Западот околу Украина. Се проценува дека во моментов околу 149.000 руски војници, пилоти и морнари ја опкружуваат Украина.

Дискусиите за Украина, Русија и НАТО се очекува да доминираат во текот на утрешниот ден на конференцијата во Минхен, додека неделата ќе биде посветена на иднината на Европската унија. На конференција, под засилени мерки за безбедност, пристигнуваат  повеќе од 100 министри и повеќе од 30 шефови на држави или влади.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја обвини Русија дека го загрозува мирот со дипломатијата слична на Студената војна, повикувајќи ја Москва да преземе „сериозни чекори кон деескалација“ на украинската криза.  Во период кога растат стравовите за руска инвазија во источна Украина, украинската армија и проруските бунтовници меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето во Донбас. ОН загрижени – прогласувањето независност на Доњецк и Луганск претставува понатамошно кршење на територијалниот интегритет на Украина.

  • Изразуваме голема загриженост во врска со резолуцијата на руската дума со која се повикува признавање на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск од страна на претседателот на Руската федерација. Предупредуваме дека таков чекор кој би претставувал понатамошно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, директно противречи на духот и вредностите на договорот од Минск, потенцираше Николас де Ревијер, амбасадор на Франција во ОН.

Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година, откако по државниот удат од власт беше симнат руски наклонетиот претседател Виктор Јануковиќ.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Силјановска – Давкова: амандманите излобиран од бугарски европратеници се показател дека ЕУ има сериозен проблем со демократијата

Дејан Дејан

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе