Вести Свет

Зеленски: Дел од ЕУ игра со Русија, не нè сака во НАТО

Членството во НАТО е безбедносна гаранција, смета украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На прашање дали Киев е подготвен да се откаже од членството, тој одговори: Тоа не е амбиција на Украина. Изгубивме 15.000 луѓе. Тоа не е амбиција. Тоа е наш живот. Не се работи за НАТО. Станува збор за иднината на луѓето. Ако зборуваме за НАТО, Европската унија, за привремено окупираните подрачја – зборуваме за нашата независност. Тоа е тоа. Одлучивме што сакаме.

Украинскиот претседател ги коментираше притисоците од некои европски земји, кои бараат Украина да не стане дел од НАТО.

– Не можеме да ги затвориме очите и да кажеме дека само Русија не нè сака таму. Тоа не е вистина. Некои земји од ЕУ играат заедно со Русија, што е погрешно, додаде Зеленски.

Тој отфрли каков било национален референдум за членство во НАТО. Желбата на Украина да биде членка, како што појасни Зеленски, е веќе „запишана во уставот на земјата“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Александар Лазаров – Цуна кој избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе