Швајцарката Мишел Гисин триумфираше во алпска комбинација и успеа да го одбрани златото од Пјонгчанг и влезе во историјата како трета скијачка што два пати едно по друго славела во оваа дисциплина и им се приклучи на Јаница Костелиќ и Марија Риш.
Второто место и припадна на сонародничката Венди Холденер, а со бронзата се закити Италијанката Федерика Брињоне.
По четвртото место пред четири години, Сандра Неслунд од Шведска го освои златото во дисциплината ски крос. Таа во завршната трка имаше за две секунди подобар резултат од Мариел Томпсон од Канада која беше најдобра пред осум години во Сочи.
На подиумот се искачи и Германката Даниеле Марер откако Фани Смит од Швајцарија беше дисквалификувана.
Јапонката Михо Такаги славеше во трката на 1000 метри во брзо лизгање. Таа во финалето на целта стигна со време на нов олимписки рекорд и триумфираше пред Јута Лердам од Холандија и Американката Британи Боуви.
Женската селекција на Канада триумфираше на хокеарскиот турнир откако во финалето со 3:2 го совлада бранителот на трофејот од Пјонгчанг, репрезентацијата на САД. За Канаѓанките ова е петти златен трофеј и на тронот се враќаат по пауза од осум години. Бронзата и припадна на Финска која во малото финале вчера славеше над Швајцарија со 4:0.