Вести Најважни Свет

Дел од руските трупи се повлекуваат од границата со Украина- повод за внимателен оптимизам

Руското Министерство за одбрана соопшти дека некои војници позиционирани на границата со Украина се враќаат во своите бази по завршувањето на воените вежби. Тоа предизвикува надеж дека тензиите би можеле да се намалат, но Столтенберг вели не гледаме никаква деескалација на терен. Шолц продолжува со дипломатските напори седна маса на повеќечасовни разговори во Путин во обид да го зачува мирот во Европа.

 „15 февруари 2022 година ќе влезе во историјата како ден кога пропадна западната воена пропаганда. Посрамени и уништени без ниту еден истрел“. Ова е пораката која на Телеграм ја напиша портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова испровоцирана од минатонеделната изјава на неименувани американски официјални лица дека руската инвазија би можела да се случи уште денес. Спротивно на тоа Русија денеска најави повлекување на некои војници од границата со Украина.

  • Единиците на Западниот и Јужниот воен корпус кои ги завршија своите мисии веќе почнаа да се качуваат во возови и транспортни возила и денеска ќе почнат да се враќаат во своите гарнизони – Игор Конашенков, главен портпарол на министарството за одбрана на Русије.

Шефот на украинската дипломатија вели дека во деескалација ќе поверуваат кога ќе ги видат руските трупи како се повлекуваат, а не кога ќе случнат за тоа.

  • Русија постојано дава различни изјави. Затоа ние се држиме до правилото: нема да веруваме кога ќе чуеме, туку кога ќе видиме. Кога ќе ги видиме трупите како се повлекуваат, тогаш ќе веруваме во деескалација- Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.

На терен не се гледа никаква деескалација, но има место за внимателен оптимизам, вели првиот човек на НАТО.

  • До сега не видовме никаква деескалација на терен, не видовме никакви знаци на намалено руско воено присуство на границата со Украина. Но ќе продолжиме да следиме што прави Русија и знаците кои доаѓаат од Москва за подготвеноста за продолжување со дипломатските напори, тоа е повод за внимателен оптимизам- Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

ЕУ во меѓувреме е подготвена да разговара за безбедносните гаранции кои ги бара Москва- на Украина никогаш да не и биде дозволено да се приклучи на НАТО. Германскиот канцелар Шулц седна на шест метарската маса со Путин на повеќечасовни разговори во обид да ги приближи ставовите за зачувување на европскиот мир.

  • Секако, јасно дека сега мораме да разговараме за тешката ситуација со мирот и безбедноста во Европа, како што тоа веќе го направивте со мојот француски колега. Драго ми е дека е тоа сега можно, бидејќи најважно е меѓусебните односи да ги решаваме со добри разговори, тоа така се случува- Олаф Шолц, канцелар на Германија.
  • Без сомнеж, суштинскиот дел на нашиот денешен состанок е посветен на разгледување на прашањето во врска со ситуацијата во Европа, во врска со безбедноста и жестоките полемики околу ова прашање, како и случувањата околу Украина- Владимир Путин, претседател на Русија.

Истиот ден кога светската јавност очекува спласнување на тензиите, рускиот парламент гласаше „за“ за барањето до Путин да ги признае двата отцепени региони во источна Украина поддржани од Русија како независни, односно самопрогласените Доњецка и Луганска народна република во Донбас, каде што сепаратистичките сили се борат против украинската армија од 2014 година. Иако портпаролот на Кремљ нагласи дека одлука не е обврзувачка, јасно е дека ако Путин ги признае како суверени и независни држави, тоа ќе биде крај на секаков вид мировен процес со Украина.

 Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе