Вести Свет

Русија почна да ги повлекува војниците кои беа распоредени на границата со Украина

Русија почна да ги повлекува војниците распоредени на југот и западот на земјата, во близина на границата со Украина, назад во нивните постојани бази, соопшти Министерството за одбрана, без да даде точен број на повлечените сили, јави ДПА.

– Додека мерките за борбена обука се при крај, војниците, како и секогаш, ќе спроведат комбинирани маршеви до нивните постојани гарнизони, рече портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

– Единиците од јужниот и западниот воен округ кои ги исполнија своите задачи веќе почнаа да товарат опрема на железничките и автотранспортните средства, но и персонал, и денеска ќе почнат да се упатуваат кон нивните воени гарнизони“, појасни портпаролот.

Распоредувањето на војниците предизвика тензии меѓу Западот и Русија, кои дојдоа до ниво што не беше забележано од Студената војна. Москва соопшти дека нејзините војници учествувале само во легални воени вежби.

Но, демонстрацијата на сила ги поттикна стравувањата на Западот дека Русија подготвува инвазија на Украина со оглед на тоа што распореди над 100.000 руски војници во близина на границата со таа земја. Кремљ во повеќе наврати ги негираше таквите тврдења.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе