Вести Свет

Радар за бучава на возила во движење е поставен во Париз

Во 20-тиот округ источно од Париз,  инсталиран е првиот радар за бучава што може да го мери нивото на бучава на возилата во движење и да ги идентификува регистарските таблички.

„Премногу бучава ги разболува луѓето. За нашето здравје и квалитетот на животот… Целта на овој прв звучен радар е автоматски да ги казни автомобилите што прават премногу бучава“, напиша на Твитер Дејвид Белиард, заменик-градоначалникот на градот.

Во следните неколку месеци ќе се утврди дали радарот ќе може точно да ги одреди регистарските таблички на бучните возила. Системот треба официјално да биде одобрен до крајот на оваа година.

Студијата заснована на податоците на Европската агенција за животна средина, од декември 2021 година, откри дека Париз е еден од најбучните градови во Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Последен ден за договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Фон дер Лајен денеска во Киев, најави иницијативи за соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија

Kristina Kuzmanovski

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе