Вести Свет Топ вести

Украина бара итна средба со Русија во наредните 48 часа

Се повеќе земји ги повикуваат своите државјани да ја напуштат Украина, поради се поизвесната инвазија од страна на Русија, а на која предупредува Америка. Австралиската амбасада го премести своето седиште од Киев во западно-украинскиот град Лавов, каде се пренасочени и американските дипломати, додека  странците брзаат да извадат авионски билети за да се вратат дома.

По неуспешниот телефонски разговор на американскиот претседател Бајден со рускиот колега Путин, тензиите во Европа остануваат на високо ниво. Овој разговор од Пентагон беше оценет како мрачен, што дополнително ја зголеми нервозата во Украина која побара итен состанок со Русија и членките на ОБСЕ во наредните 48 часа, затоа што Русија ги игнорира официјалните барања да објасни зошто на пограничната линија со Украина натрупа 100.000 војници.

Телефонски разговор имале синоќа и Бајден со украинскиот претседател Зеленски. Бајден му ветил на Зеленски дека брзо ќе одговорат во случај на руска агресија врз Украина. Во нов дипломатски поход денеска оди и германскиот канцелар Олаф Шолц, кој прво ќе се сретне со Зеленски, а ден потоа и во Москва со Путин. Пред да замине тој изјави дека ова ќе биде последната недела кога Европа ќе се обиде да ја смири ситуацијата и украинската криза да деескалира, во спротивно следдуваат сериозни санкции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе