Магазин Серии

Вистината на дофат на „Тајкун“-от: Во деветата епизода Владан во обид да дознае кој е мистериозниот убиец на својата најверна соработничка

Лидија е убиена во последните кадри на претходната 8-ма епизода. А двајца главни протагонисти во мачка-глувче играта на правдата се нејзини најблиски луѓе.

„Тајкун“-от Владан ќе се обиде да дознае кој ја уби неговата жена од доверба-Лидија и тоа на нејзиниот роденден. Уште една негова десна рака е вмешана во убиството, додека мистериозниот убиец е присутен на последното злосторство во „Тајкун“.

Братот на Лидија, инспекторот Никола е на расчекор меѓу тагата по загубената сестра и омразата која се раѓа во него против „тајкун“-от, којшто секогаш е во близина на убиствата кои ги истражува.

Разрешената обвинителка Јована ќе се сретне со тајкунот Симоновиќ, за да му каже што знае и да го предупреди дека тој е следниот. Новоназначениот обвинител Мишиќ ќе се сретне со доушникот од Сигма, со Ксенија која што се уште ја дели постелата со Владан, а истовремено работи за обвинителството против него.

Балша (извонредниот Марко Бачовиќ) е најголемата енигма за сите околу него. Се знае со мистериозниот убиец, се распрашува за помладиот Симоновиќ, коваше планови со Вера пред да ја убие, а со себе веќе има 7% од моќната компанија Сигма. Секогаш на страната на Владан, но се почесто преминува на спротивната, своја страна.

Уште две епизоди од Тајкун. Деветата епизода е во понеделник во 22:10 на Телма (14.02.2022.).

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Свадбата на Безос и Санчез во сенка на протестите во Венеција

Дејан Дејан

ЗАСТАНИ И ЗАПАЛИ СЕ – од понеделник до петок во 20:30

Дејан Дејан

ЗАЛИВОТ – од понеделник до четврток во 22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе