Вести Свет

(видео) Макрон одбил да се тестира за ковид и морал да држи дистанца со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон го одбил барањето на Кремљ да направи руски ПЦР тест за ковид пред да се сретне со претседателот Владими Путин. Анонимни извори од здравствениот протокол на францускиот претседател, за Ројтерс јавуваат дека на Макрон му бил понудени две опции. Да прифати руските власти да му направат ПЦР тест и да добие дозвола да му се доближи на Путин или да го избегне тестирањето и да држи строга дистанца. Макрон одбил да направи руски тест, бидејќи бил советуван дека на тој начин Русите ќе ја имаат неговата ДНК. Изворите велат дека тој направил тест и во Франција и брз антигенски тест во Москва, со асистенција на личен лекар. Засега никој од Кремљ не ја коментира оваа вест.

Макрон и Путин во понеделникот разговараа за украинската криза во Москва повеќе од пет часа, но јавноста беше зачудена од фотографиите на двајцата претседатели седнати на спротивни краеви од маса долга најмалку 4 метри. Дипломатите и аналитичарите сугерираа дека Путин со дистанцата сакал да испрати порака, но заднината била сосема друга, јавува Ројтерс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе