Останато Спорт

Прво олимписко злато за Гут-Бехрами

На седмиот ден од 24-тите Зимски олимписки игри во Пекинг ќе се одржат седум дисциплини во кои беа доделени медали.

Швајцарката Лара Гут Бехрами триумфираше во супервелеслаломската трка и на светското злато во својата колекција го додаде и олимпиското. Таа на целта имаше за 22 стотинки подобро вкупно време од Миријам Пухнер од Австрија додека со бронзата се закити нејзината сонародничка Мишел Гисин. На два чекори до трет медал на Игрите во Пекинг беше Естер Ледецка од Чешка која трката ја заврши на петтата позиција.

Ливо Нисканен е новиот олимписки шампион во трката на 15 километри. За финскиот нордиец ова е трето злато во кариерата, а втор трофеј во Пекинг откако во спринтот ја освои бронзата. Нисканен на целта имаше за 23 секунди подобро постигнување од Русинот, Александар Болшунов додека бронзениот медал се закити Јоханес Клаебо од Норвешка.

Ајуми Хирано од Јапонија го освои златниот медал во сноуборд во дисциплината halfpipe. Тој до првото место стигна благодарение на настапот во третиот настап и по среброто во Сочи и Пјонгчанг конечно се искачи на највисокото место на подиумот. Второто место му припадна на Скоти Џејмс од Австралија, а трет е Швајцарецот, Јан Шерер. Досегашниот првак Шон Вајт кој настапи за последен пат во кариерата заврши на четвртата позиција.

Швеѓанецот, Нилс ван дер Пел го освои вториот златен медал на Игрите во Пекинг. По триумфот на 5000 метри, тој беше најбрз и на двојно подолгата патека и со време на нов светски рекорд стигна уште едно највисоко место на подиумот. Второто место му припадна на Патрик Рест од Холандија, а бронзениот трофеј му припадна на Италијанецот, Давиде Џиото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе