Седум илјади домаќинства со најниски примања ќе добијат помош од министерството за економија кое ќе им покрие дел од сметките за струја. Во зависност од категоријата министерството ќе покрие 600 или 800 денари. Корисниците на оваа мерка нема да добиваат пари во кеш туку помошта ќе се одбива од нивната сметка а економија директно ќе ги уплаќа парите на ЕВН.
Досега во министерството се пристигнати 6.500 барања а министерот Крешник Бектеши е убеден дека квотата ќе биде исполнета. За оваа мерка се предвидени 60 милиони денари како помош. Пет комисии во министерството ќе ги изготват листите на лицата кои ќе ја добијат помошта до крајот на овој месец.
Во новиот Буџет предвидени се средства како финансиска помош во висина од илјада денари за 36 илјади домаќинства и 9.500 пензионери за покривање на сметките струја и парно .
Владата на ЕСМ досега му префли 120 милиони евра од Буџетот за справување со енергетската криза како и кризата со парно снабдевањето со парно а со последните одобрени 47 милиони евра вкупната сума со која ќе располага државната компанија е речиси 170 милиони евра. Од ЕСМ пак инофрмираат дека досега од Буџетот на нивната сметка се легнати 86 милиони евра.
Со овие пари ЕСМ купува струја од слободниот пазар, набавува јаглен, раководи со БЕГ и ги покрива загубите на МЕПСО но и дупката која настана откако ЕВН побара а Владата дозволи грејс период од шест месеци за фактурите за декември и јануари за набавка на струја тешки околу 35 милиони евра
Министерот Бектешки денеска повторно ја исклучи можноста и на граѓаните да им биде даден грејс период за плаќање на сметките кон приватната компанија ЕВН.
Огнен Чанчаревиќ
