Вести Свет

Јапонија ќе и даде на Европа дел од увезениот гас

Јапонија денеска објави дека ќе испорача дел од увезениот течен природен гас (ЛНГ) во Европа, во време кога постои ризик да дојде до прекин на снабдувањето со руски гас во регионот поради тензиите со Украина.

Неколку танкери кои првично требаше да испорачаат гас во Јапонија веќе отпловија за Европа и се очекува да пристигнат овој месец, изјави јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија Коичи Хагиуда, без да прецизира колкаво количество  гас ќе биде испорачан и продаден во Европа.

Во март се очекува да бидат испратени и други танкери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе