Вести Економија Македонија Топ вести

ЕВН одложено ќе ги плаќа сметките за струја за декември и јануари

ЕВН шест мeсеци нема да ги плаќа сметките кон државната ЕСМ. Откако се пожалиле дека има проблем со плаќањето на декемвриската и јануарската сметка за струјата што ја набавиле од државните електрани, Владата го задолжи ЕСМ да склучи Анекс договор според кој факрурите за декември и јануари ќе досепат до 01 јули година.

Дупката пак која ќе се јави во касата на ЕСМ заради неплаќањето на ЕВН, ќе ја затвори Владата. Владата одобри  над 47 милиони евра за електрани за справување со енергетската криза.

Претходно ЕВН се пожали дека се наоѓаат на граница на ликвидност и дека трошоците им се поголеми од приходите кои ги остваруваат. Или како што велат од компанијата доведени се во ситуација да ги субвенционираат корисниците и со тоа креираат големи загуби.

Освен ЕВН, со високи сметки за струја се соочуваат и граѓаните кои веќе почнаа да ги добиваат новите фактури зголемени за 9,5%. Покрај повисока цена, домаќинствата немаат ни евтина дневна струја од Нова година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе