Вести Свет Топ вести

Камионџиите во Канада ја блокираа границата со САД, полицијата претпазлива во камионите има и деца

Камионџиите од Канада кои демонстрираат против ковид ограничувања делумно ја блокираа една од најпрометните граници кон САД. Сообраќајот на мостот Амбасадор, преку кој поминува 25% од целосната тргоивија меѓу Канада и САД, меѓу Детроит и Виндзор во Онтарио, е во целосен прекин за влез во Канада, додека пак во правец на САД се пропуштаат некои возила.

Повеќе од десет дена, ниту полицијата ниту локалните власти не можат да го спречат нередот којшто го предизвикуваат камионџиите од таканаречениот „Конвој на слободата“.

Полицијата во Отава, каде е прогласена вонредна состојба, соопшти дека е блокиран центарот на градот, запленети се илјадници литри гориво, но операцијата е многу ризична бидејќи една четвртина од демонстрантите во визилата се деца.

Присутна е екстремно десничарска реторика која ги загрижува властите, а демонстрантите велат дека блокадата ќе трае се додека се повлече правилото за задолжителна вакцинација за сите превозници кои сакаат да влезат во САД.

  • Ние сакаме слобода, слобода по сите основи и за тоа се бориме. Ние сме Канаѓани и сакаме да бидеме слободни Канаѓани, вели еден камионџија. Слобода на избор, доста ни е од тиранијата
  • Колку ќе останете?
  • Колку што е потребно, претпоставувам, велат камионџиите.

Откако судот во Отава им забрани да ги употребуваат сирените, сега „наоружани“ со тапани и вклучени мотори камионџиите турираа во место.

Од друга страна, жителите на Отава излегоа на протест бидејќи не се согласуваат со барањата на камионџиите. Според анкетите повеќе од 60% од Канаѓаните се против протестот. Канадскиот министер за вонредни состојби вели дека протестот е исполитизиран.

  • Партиските организации како Канадскиот сојуз за камиони многу јасно стави до знаење дека демонстрациите во Отава не ги претставуваат канадските камионџии, па би требало да сметаме и на однапред планиран заговор, рече Бил Блер, министер за вонредни состојби.

Камионџиите со недели бараат оставка од премиерот Џастин Трудо, иако рестриктивните мерки ги воведоа локалните власти. Веќе поднесоа и барање до кралицата Елизабета Втора, да ги примора сојузните и локалните власти да ги укинат Ковид ограничувања. Велат дека барањата им се домократски и во рамките на Уставот. Премиерот Трудо пред парламентарците ги обвини камионџиите дека „се обидуваат да ја блокираат канадската економија и демократија“.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе