Вести Свет

Германија, Франција и Полска апелираат Кремљ да се вклучи во „значаен дијалог“

Германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателите на Франција и Полска, Емануел Макрон и Анджеј Дуда го повикаа Кремљ да се вклучи во „значаен дијалог“ за европската безбедност.

Во соопштението објавено по средбата на тројцата лидери во Берлин, тие истакнува дека „секоја натамошна воена агресија на Русија врз Украина ќе има огромни последици и сериозна цена“.

Макрон го посети Берлин по разговорите за посредување во Москва и во Киев, а Шолц разговараше со американскиот претседател Џо Бајден пред два дена.

Тензиите меѓу Западот и Русија се зголемија поради распоредувањето на руските војници на границата со Украина. Тоа ги зголеми стравувањата дека Москва можно е да планира инвазија, слична на анексијата на полуостровот Крим. Русија негира дека има такви намери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе