Европските челници продолжуваат со дипломатска офанзива. Макрон во Москва, а германскиот канцелар Олаф Шолц во Вашингтон на средба со американскиот птретседател Џо Бајден. Америка и Германија се обединети што се однесува до воведување санкции кон Русија, изјави германскиот канцелар. Санкциите најмногу се однесуваат на Северен Ток 2, гасот кој русија го пренесува до европа, а кој се уште не е пуштен во употреба
Ако Русија изврши инвазија, што значи тенкови и војска ја поминат границата на Украина повторно, тогаш нема повеќе гасовод „Северен поток-2“, изјави Бајден на заедничкиот брифинг со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Канцеларот сепак одби да каже дали поддржува или не можност 11 милијарди долари вредниот цевковод да биде прекинат. Германија сепак настапува внимателно по тоа прашање бидејќи над 50 отсто од потребите за гас ги добива од Русија, посебно откако изминатата деценија таа се откажа од нуклерната енергија и ги затвори своите атомски центали. Прашан за енергетската криза во Европа, Шолц изјави дека е можно да го санкционираат проектот Северен Ток 2, и брзо да се насочат кон обновливите извори на енергија.