Вести Свет

Бајден: Руска инвазија на Украина значи крај за „Северен поток-2“

Ако Русија изврши инвазија, што значи тенкови и војска ја поминат границата на Украина повторно, тогаш нема повеќе гасовод „Северен поток-2“, изјави синоќа претседателот на САД Џо Бајден на заедничкиот брифинг со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Канцеларот сепак одби да каже дали поддржува или не можност 11 милијарди долари вредниот цевковод да биде прекинат. Тој не одговори конкретно на прашање за тоа поставено на брифингот, но и за време на интервјуто синоќа за Си-ен-ен.

Набљудувачите сметаат дека Германија настапува внимателно по тоа прашање бидејќи над 50 отсто од потребите за гас ги добива од Русија, посебно откако изминатата деценија таа се откажа од нуклерната енергија и ги затвори своите атомски центали.

Во врска со можната руска инвазија на Украина, Бајден рече дека неколкупати го предупредил рускиот претседател Владимир Путин дека следуваат „најжестоки санкции досега наметнати“.

-Не знам дали тој знае што да прави. Бев многу директен и остар со претседателот Путин, како по телефон така и лично: Ќе ги наметнеме најжестоките санкции што досега биле наметнати, изјави американскиот претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе