Вести Свет

Црногорскиот претседател во посета на Грција

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска ја започнува дводневната официјална посета на Грција на покана на неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу и ќе оствари низа средби со грчкиот државен врв.

Од кабинетот на црногорскиот претседател соопштуваат дека ова е прва официјална посета на Грција од обновата на независноста, а согласно објавената програма, Ѓукановиќ освен со Сакеларопулу, ќе се сретне и со грчкиот премиер Кријакос Мицотакис, со претседателот на Парламентот Константинос Тасулас со атинскиот градоначалник Костас Бакојанис, а ќе положи венец на гробот на генерал Васо Брајовиќ Мавровуниотис.

Ѓукановиќ синоќа пристигна во Атина, а на аеродромот беше пречекан од потпретседателот на грчката Влада Панајотис Пикраменос.

Утрово, црногорскиот претседател на свечена церемонија со највисоки воени и државни причести, во претседателската палата ќе биде пречекан од претседателката на Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе