Денес, Европската Унија го слави својот 30-ти роденден.
На 7 февруари 1992 година, Договорот за Европската унија (Договорот од Мастрихт) беше потпишан од 12 земји во градот Мастрихт, Холандија.
Договорот од Мастрихт го означи формалното создавање на Европската Унуја и ги постави темелите на ЕУ каква што ја знаеме денес со воспоставување на европско државјанство, заедничка надворешна и безбедносна политика и соработка во областа на правдата и внатрешните работи.
Македонија својот долг пат кон Унијата која денес брои 27 членки, го започна на 22 март 2004 година, со поднесувањето на официјалната апликација за прием.
На 9 ноември следната година, Европската Унија официјално и додели кандидатски статус на земјава.
Оттогаш, Македонија се труди да ги отпочне претпристапните преговори, но и покрај позитивните препораки за почеток, прво поради грчкото вето, а сега поради ветото на Бугарија, државата сѐ уште ги нема започнато своите преговори.
