Вести Свет Топ вести

Најголемиот проблем на Западен Балкан е корупцијата, смета Габриел Ескобар

Корупцијата претставува најголем проблем на Западен Балкан, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, додавајќи дека САД ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки, вклучително и санкциите, за да ги казнат дестабилизирачките актери.

„Корупцијата е канцер кој ја нагризува вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновативност и креативност, па на тоа се трошат и онака оскудните буџети, што ги скратува инвестициите. Се троши талентот на цели генерации“, изјави Ескобар за „Дневни аваз“.

Тој рече дека тоа ги плаши инвеститорите, додавајќи дека САД се посветени на промовирање одговорност, како и залагање за казнување на оние кои се вклучени во корупција во Западен Балкан и во целиот свет.

„САД ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки, вклучително и санкции, за да ги казнат злонамерните и дестабилизирачки актери, како и организациите и компаниите кои ги поддржуваат“, порача Ескобар.

Тој рече дека младите го напуштаат Западен Балкан за да најдат работа и можности во други држави.

„Тоа го прават затоа што нема доволно можности за нив во нивните земји. Време е на овие млади луѓе да им се даде можност да ја искористат својата енергија и имагинација“, истакна Ескобар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агресивно се однесуваше кон полицајци и се качил на возилото, МВР за инцидентот кај железничка со пајакот и таксистот

Дејан Дејан

Бектеши останува во притвор, екс градоначалниците на Кочани во куќен притвор

Дејан Дејан

Државата наплаќа денар, на приватниот партнер му исплаќа два

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе