Вести Македонија

Кратер се појави на патниот правец Дебар-Маврово

На патнот правец Дебар-Маврово, кај селото Долно Косоврасти, делница Дебар-Жировница, сообраќајот се одвива неизменично по оспособена девијација, поради појава на кратер, пропадната дупка на коловозот.

-Кратерот, односно пропадната дупка ја забележа наша екипа во 2:30 часот. Таа се наоѓа на истото место на онаа која беше на 16 октомври. Истата е со длабочина од над 20 и широчна од 6 метри. Сообраќајот го оспособивме по истата девијација, како и пред два месеца. Работиме на пополнување на кратерот со материјал-песок, изјави Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на макистрални и регионални патишта.

Очекуваме, додава тој, сообраќајот да се нормализира за неколку часа.

Во исто време препорачува внимателно возење на сите патни правци кои се под надлежност на секцијата, поради појава на помали одрони, прилагодување на брзината според условите на патот, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

ФОТО: Како се создаде кратер на патот пред Дебар

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе