Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Како се создаде кратер на патот пред Дебар

/

Македонија

Сподели преку :

Кратер се направи на патот Дебар-Маврово во близина на Мелничкиот мост. Според Деар Лимановски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта пропадната дупка на коловозот е со длабочина од 20 и широчина од 5 метри.

По 4-часовна забрана за сообраќај, работниците за одржување на патиштата успеаја да го оспособат патот за еднонасочен сообраќај.

За санација ќе се користи песок и крупен камен за да се пополни длабокиот кратер.

Работниците кои интервенираат ја сликаа и снимаа длабоката дупка по првата успешна интервенција за пуштање на сообраќајот.

Најверојатно, кратерот се појавил со пропаѓање на почвата и асфалтот затоа што под патот водата од цевката (која се гледа на фотографијата) ја поткопувала подлогата. Изминатите десетина дена беа проследени со повеќе врнежи.

До пладне сообраќајот се одвиваше преку Струга, а во надминувањето на проблемите беа ангажирани и полицајци од Дебар.

-Од 12:00 часот, сообраќајот на регионалниот пат 1202 Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента, е последната известува АМСМ.

Убиство во скопски Аеродром- жртва е 84-годишната мајка на уапсениот

Од полицијата соопштија дека рано утрово е уапасен 62-годишен скопјанец од Аеродром поради сомнежи дека со нож ја убил својата мајка. Убиството се случило околу 6:30 часот рано утрово, во домот на жртвата на ул.„23ти Октомври“ (поранешна Владимир Комаров). Убиството го пријавила сопругата на уапсениот и снаа на убиената. Полицијата го издаде следното известување: Денеска… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2