Свет

Поделби во најголемата опозициска партија во Албанија

Продолжуваат тензиите во Демократската партија, најголемата албанска опозициска партија, откако денеска поранешниот лидер Сали Бериша, заедно со група приврзаници насилно влезе во седиштето во Тирана за да го исфрлат актуелниот лидер Љуљзим Баша, кој во тој момент одржувал средба со подмладокот на партијата.

Според албанските медиуми, двете крила започнале вербална расправија со навреди, омаловажувања и обвинувања.

Во партијата „врие“ веќе подолг период, а во саботата Бериша го свика партиското собрание кое го разреши Баша од функцијата претседател.

Во вакви услови договор со Баша нема. Тој мора да ги почитува одлуките донесени на легитимното собрание од 11 декември. Баша останува само обичен пратеник и член на парламентарната група на Демократската партија, рече Бериша.

Од друга страна, Националниот совет на Демократската партија пак му даде безрезервна подршка на актуелниот лидер. Не штедејќи ги обвинувањата против Бериша, Баша го нарече екскомунист кој со себе во штабот донел луѓе со криминални досиеја.

Ова е исклучително тешка ситуација. Се соочивме со луѓе со криминални досиеја кои ги донесе Сали Бериша, потсетувајќи не на 1997 година, со однесување на комунист. Тој се обидува да ги врати сцените од таа мрачна година, кога земјата беше во целосен хаос. Со сите измами и лаги и со мртва надеж дека може да ја земе Демократската партија како заложник. Ова беше грд спектакл од минатото, порача Баша.

Баша го обвини неговиот претходник дека е дел од Бермудскиот триаголник, заедно со премиерот Еди Рама и претседателот Илир Мета, и им порача дека нема да го заплашат, туку само му даваат поттик да ја забрза работата за рушење на „нарко власта“ на Рама.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе