Шефовите на дипломатиите на групата седум најразвиени демократии денеска ја предупреди Русија за „тешките последици“ доколку претседателот Владимир Путин ја напдне Украина, се наведува во нацрт-изјавата што ја добија британските медиуми. На самитот во Ливерпул, претставниците на Г7 изјавија дека се обединети во осудувањето на руското трупање сили во близина на Украина и ја повикаа Москва да ја смири ситуацијата. Вчера американскиот претседател Бајден рече дека на Путин му кажал дека ако ја нападне Украина, ќе плати страшна цена. Украина е во центарот на кризата во односите Исток-Запад и ја обвинува Русија дека собира десетици илјади војници кои се подготвуваат за можна воена офанзива од долг дострел. Русија негира и ги обвинува Украина и САД дека се однесуваат дестабилизирачки а бара пишани гаранции заради нејзината безбедност.
Г7 ја предупреди Русија за „тешките последици“ ако ја нападне Украина
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
