Вести Свет

(ВИДЕО) Протест „Не можеме да се сместиме“ во Анкара: Приведени речиси 90 студенти

Стотици студенти кои допатуваа од Истанбул и Измир беа запрени на влезот во Анкара за протестот „Не можеме да се сместиме “ кој беше планирано да се одржи стариот центар на градот – Улус. Оние кои се обиделе да стигнат до плоштадот Улус надвор од градот и внатре во Анкара биле приведени.

Студентите кои го изведоа протестот „Не можеме да сместиме“ со образложение дека поради високите кирии и проблемот со капацитетот во студентските домови не можат да најдат место за престој, тргнаа од Истанбул и Измир на протестот што беше планирано да се одржи во Анкара во Улус, но гувернерството на Анкара изјави дека ваквиот протест не е соодветен и истиот го забрани.

Во соопштението на Движењето „Не можеме да се сместиме“, се наведува дека се приведени оние кои се обидувале да стигнат до плоштадот Улус надвор од провинцијата и внатре во Анкара, бројот на приведените достигна 90 лица.

Полицискиот оддел во Анкара во писмено соопштение ги опиша студентите кои дојдоа во Анкара на протестот како „маргинални групи“.

Во соопштението на полицијата од Анкара во кое не е наведено информација за тоа колку студенти се приведени, изјавија дека студентите го претепале возачот на возилото со кое допатувале.

– Во врска со настанот, кој беше повикан од маргинални групи да се соберат во нашиот град и за што беше одлучено да биде забранет од Канцеларијата на гувернерот на Анкара, и покрај објавеното решение за забрана, на 12.12.2021 година во 09:30 часот бројни групи на студенти организирано допатуваа. Едно од возилото во кое патуваа студенти од Измир било запрено на контролниот пункт во Ескишехир, а поединците со преговори беа убедени да се вратат во Измир. Но, дел од лицата не се согласувале со таквата одлука  о претепале возачот на возилото и го блокирале патот за сообраќај. Истите подоцна биле фатени и приведени.

Во соопштението се наведува и дека две возила кои организирано допатувале од Истанбул, биле запрени на контролниот пункт пред влезот на градот. Лицата не сакале да се вратат назад, се симнале од автобусот и пешачејќи тргнале кон Анкара. Овие лица биле уапсени од страна на полицијата поради нарушување на сообраќајот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе