Две деца пријавени за исчезнати за време на торнадото во американската сојузна држава Кентаки се најдени во када која била искорната од нивната куќа.
-Две деца се најдени во када која не се наоѓала на просторот каде бил уништен нивниот дом во градот Барнсли. Децата беа пријавено за исчезнати но се пронајдени и згрижени, изјави за локалните медиуми Мат Сендерсон, шериф во округот Хопкинс во Кентаки.
Ветерот во Кентаки дувал и со брзина од 300 км/ч, а во спомнатиот округ исфрлил воз од шините.
Според досегашните податоци, најмалку 79 луѓе се загинати и се трага по исчезнатите.

Расте бројот на загинати во силното невреме, проследено со неколку торнада во американската сојузна држава Кентаки. Според последните податоци, загинале над 70 луѓе, но се стравува дека бројката ќе се зголеми над сто, бидејќи има затрупани луѓе во една фабрика за свеќи, чиј покрив е урнат. Спасувачите успеале да извлечат 40 луѓе, но со часови… Продолжи со читање












